Ќерката на Обама заљубена во колега од Харвард

Малија Обама, ќерката на поранешниот американски претседател Барак Обама, е во врска со Британецот Рори Фаркахарсон. Малија и Рори се запознале на Харвард, каде што студираат двајцата. Рори е син на инвестицискиот менаџер Чарлс Фаркахарсон, бизнисмен со високо реноме во Америка.

Малија и Рори се во врска од крајот на минатата година. Папараците и понатаму го следат секој чекор на семејството Обама, па викендов ги направиле првите заеднички фотографии од Рори и Малиа во Њујорк.

Семејството Фаркахарсон е блиско со британското кралско семејство. Рори, пак, е многу популарен меѓу студентките на Харвард.

 

Scroll to Top