Ќерката на Пол Вокер стана манекенка

Мидоу Вокер, 18-годишната ќерка на починатиот актер Пол Вокер, потпиша договор со модната агенција „Вумен менаџмент“ и ќе почне професионална кариера како манекенка. Таа и понатаму не се појавува на модните писти, но досега сликала неколку модни едиторијали.

Мидоу имала 14 години кога татко ѝ доживеа сообраќајна несреќа во која го загуби животот. Две години подоцна таа ја тужеше компанијата „Порше“ обвинувајќи ја за неговата смрт. Во тужбата таа навела дека сигурносниот појас бил толку цврст, што при ударот го приклештил татко ѝ, му ги скршил ребрата и тој седел беспомошно во автомобилот, иако автомобилот се запалил 1 минута и 20 секунди по ударот. Судот пресудил против Вокер, а во полза на „Порше“.

 

Scroll to Top