Кид Креол од хип–хоп групата „Грендмастер“ обвинет за убиство

Кид Креол, еден од основачите на познатата хип-хоп група од 80-те години на минатиот век „Грендмастер Флеш енд Фјуриос Фајв“ е уапсен во Њујорк. Тој е под обвинение за поврзаност со убиство на еден бездомник.

Креол (57), чие вистионско име е Натаниел Гловер, е уапсен во врсака со смртта на бездомникот Џон Џоли, кој бил убиен со убоди од нож на Менхетн во понеделникот околу полноќ.

Полицијата соопшти дека Џоли (55) е пронајден со неколку убодни рани во торзото. Тој инаку живеел во Дом за бездомници и бил сексуален престапник од втор степен.

Scroll to Top