Ким Кардашијан ја прослави „Ноќта на вештерките“ маскирана во Шер

Најпознатата старлета на свтот ги шокираше сите кога се појави со „лажниот стомак“.

Прочуениот празник „Ноќ на вештерките“, во Америка го одбележуваат голем дел од луѓето, а меѓу нив се и повеќе познати и славни фаци.

Една од нив секако е и Ким Кардашијан, без кој ниту еден поважен настан и ден не можат да минат, па старлетата така се појави на големата журка по повод Ноќта на вештерките, организирана во Лос Анџелес.

Ким одлучи да се преправи во прочуената Шер, а костимот кој го носеше е реплика од онаа Шер од 1971 година, во кој се појави на „Академија на наградите“.

Но, Ким сите ги изненади со својот стомак, односно со исцртаните стомачни мускули.

„Шер дефинитивно има подобро тело. Нејзиниот стомак. Мислам дека никој не може да и парира“, призна Ким.

Нејзиниот партнер се разбира, беше облечен во костим на Соња, и еве како изгледаше:

 

Scroll to Top