Кино во Израел ќе се вика „Гал Гадот“

Кино во Израел ќе го носи името на израелска актерка Гал Гадот и ќе се вика „Гал синема“. Киното ќе биде отворено со новиот филм на израелскиот режисер Еран Риклис, „Засолниште“.

Гадот се прослави со улогата во филмот „Вондер вуман“.

„Ќе го именуваме новото кино по Гал Гадот, израелска актерка која ѝ носи чест на оваа земја. Ова е порака за нашите млади луѓе, бидејќи Гал е пример за успех, таа покажа дека соништата може да се остварат“, изјавила портпаролката на градот, Орна Јосеф.

Гадот пред да стане актерка, како и повеќето Израелци, служеше задолжителен воен рок.

Scroll to Top