Која е Меган Маркл? – Од секс-сцени и развод до кралскиот престол

Младата двојка е заедно уште од јули 2016 година, а ќе се венча напролет в година.Британскиот принц Хари (33) и холивудската актерка Меган Маркл (36) објавија дека ќе се венчаат в година истакнувајќи дека нивниот однос се развил неверојатно бргу по слепиот состанок. „Фактот дека се заљубив во Меган толку неверојатно бргу беше потврда дека сите ѕвезди ни се наредија, сè беше совршено. Оваа убава жена влезе во мојот живот, а јас во нејзиниот“, изјави Хари во телевизиското интерјву, кое го пренесе „Ројтерс“. По само два состанока, одлучиле да заминат заедно на одмор во Боцвана, а во септември оваа година првпат се појавија заедно во јавноста во Торонто.Маркл го покажа својот сјаен свршенички прстен со три дијаманти, кој го дизајнирал самиот Хари. Централниот дијамант потекнува од Боцвана, а земен е од личната колекција на неговата покојна мајка Дајана.

Принцот Хари е петти во линијата наследници на британскиот престол, по својот татко, престонаследникот Чарлс, брат му принцот Вилијам, малиот принц Џорџ и британската принцеза Шарлот.

Scroll to Top