Која е новата девојка на Бен Афлек?

Големо медиумско внимание, кога се познатите личности во прашање, привлекуваат секако разводите на нивните бракови. Еден од оние кои сите медиуми го проследија, секако е разводот на актерската двојка меѓу Бен Афлек и Џенифер Гарнер.

По повеќемесечното полемизирање дали ќе дојде до развод, а потоа и до помирување, и повотрен заеднички живот, дефинитивно беше ставена точка на нивниот брак. Дека и самиот актер продолжи со својот живот, доказ е тоа што вплови во нова љубивна приказна со друга жена.

Пред точно три месеци Бен и Џенифер поднесоа документи за развод, но и потоа заедно живееа поради нивните заеднички деца. Но, дека сврте нова страница во својот живот, доказ се и фотките на кои актерот е сликан со новата девојка повеќе пати во Лос Анџелес и Лондон. Таа е новата девојка на Бен Афлек!

Како што извор близок до двојката открива дека и на двајцата стануваат многу блиски, но дека љубовната приказна сакаат да оди полека.

Кога во последно време се полемизираше дали ќе дојде до помирување меѓу Бен и Џенифер, затоа што испланирале заединчко летување со децата, очигледно ова беше моментот да ја запознаеме новата љубов на актерот. Таа се вика Линзи Шукс, и е продуцентка на легендарната емисија „Satyrday Night Live“ и соработува со многубројни музички ѕвезди како Мајли Сајрус. За оние кои не се упатени, токму нејзиното име се најде на листата на Билборд на 50 најмоќни жени во музичката индустрија.

Допрва претстои да видиме колку оваа врска е сериозна, но очигледно е дека на Бен му прилега новиот почеток по бракот со Џенифер, со кој беше заедно 12 години.

Scroll to Top