Конечно новиот албум на Ферги


После долго одложување  конечно ќе стигне долгоочекуваниот албум „Double Dutchess“, кој ќе биде второ самостојно издание за американската пејачка Ферги. Некогашната членка на „Блек ајд пис“ неодамна потврди дека станува збор за визуелен албум, а деновиве стигна и видеото за соработката со Рик Рос насловена „Hungry“. Дел од песната беше објавен уште пред повеќе од една година. Покрај новото видео, 42-годишната ѕвезда го претстави и дуетот со колешката Ники Минаж, а темата насловена „You Already Know“, која е изградена врз основа на семпл од хитот „It Takes Two“ на Роб Бејс и диџеј И-Зи Рок.

Scroll to Top