Кортни Кардашијан е бремена

Американските медиуми пишуваат дека и Кортни Кардашијан е бремена. Таа е четвртата сестра во семејството која чека бебе, откако Ким најави дека чека бебе од сурогат мајка, па јавноста дозна за бременоста на Клои, а набрзо и Кајли Џенер објави дека е бремена.

Ова ќе биде четврто дете на Кортни. Таа веќе има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, а татко на ова бебе е нејзиното момче Јонес Бенџима со кого се забавува една година. Според извор близок на семејството, Кортни би сакала да има шест деца.

Scroll to Top