Кралското семејство потврди – Кејт и Вилијам очекуваат трето дете

Изминатите денови во Британија се шпекулира дека Кејт Мидлтон е бремена третпат, а денеска палатата во Кенсингтон ги потврди озборувањата – кралското семејство ќе добие уште еден член. Ова не е никакво изненадување, особено што идниот крал на Британија и неговата сопруга честопати изјавувале дека сакаат да имаат барем три деца.

Во соопштението не се открива полот на детето и тоа ќе остане изненадување за јавноста додека Кејт не се породи, исто како што се случи со раѓањето на принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Исто така, не се открива ни во кој месец од бременоста е Кејт и кога би требало да се породи.

Scroll to Top