Кристен Стјуарт повторно ќе љуби мажи

Познатата актерка Кристен Стјуарт изјави дека нејзините лезбејски нагони се кон својот крај и повторно е отворена за опцијата да излегува со мажи.  „Да, дефинитивно сакам да пробам пак со мажи. Некои луѓе не се такви. Тие знаат дека сакаат топено сирење и можат да го јадат до крајот на својот живот. Јас сакам да пробам од сѐ по нешто. Ако еднаш пробам топено сирење, потоа ќе си кажам: Тоа е кул, што е следно?“ – изјавила Стјуарт за септемврискиот број на англискиот магазин „Харперс Базар“.

Пред да почне да излегува со жени, актерката имала врска со колегата Мајкл Ангарано и со партнер од „Twilight“, Роберт Патинсон.

Scroll to Top