Кристијано Роналдо најдобар фудбалер за 2017 година

Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2017 година. Тој ја освои наградата во конкуренција на Лионел Меси и Нејмар, а ја доби вчеравечер на церемонијата што се одржа во Лондон. Тој оваа награда ја добива по петти пат.

„Би му се заблагодарил на Реал за поддршката која ми ја дава низ годините. Ова е голем момент за мене“, рече Роналдо откако ја доби наградата.

Лауреати на церемонијата беа Зинедин Зидан (тренер на годината), Џанлуиџи Буфон (голман на годината), Франсис Коне ја доби наградата за фер-плеј, Лика Мертенс (најдобра фудбалерка) и Сарина Вигман (најдобар тренер во женска конкуренција). За најдобар гол е прогласен оној ма Оливие Жиру, а според ФИФА најдобри навивачи има Селтик.

ФИФА го избра тимот на годината, во кој се најдоа Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Дани Алвес (Јувентус/ПСЖ), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Леонардо Бонучи (Јувентус/Милан), Марсело (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона), Нејмар (Барселона/ПСЖ), Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).

Scroll to Top