Кристијано Роналдо откри зошто не се тетовира

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, е познат по својата ароганција, но и по тоа што нема ниту една тетоважа на телото, несвојствено за денешниот начин на живот.

Фудбалерот изјави дека никогаш нема да се тетовира. Тој е крводарител долги години, а тетовирањето може да биде причина за појава на хепатитис Б, хепатитис Ц или инфекции, што би го спречило да дарува крв.

Освен што е крводарител, фудбалерот често донира пари и им помага на деца болни од тешки болести.

Scroll to Top