Леонардо ди Каприо и Ирина Шајк собираа пари за Србија

Оваа недела во „Капитал хол“, во центарот на Менхетен, беше одржана третата по ред Унитасова хуманитарна гала-вечера, која е наменета за собирање средства за проектите во борбата против трговијата на луѓе во Србија и светот. Голем број светски познати личности присуствуваа на оваа гала-вечера и го поддржаа Унитас фондот и нивната борба против трговијата со луѓе.Со тоа овозможија овој проект, кој се реализираше минатата година во Србија, да биде продолжен и во наредниот период. Поддршка за овој настан даде и холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, моделот Ирина Шајк, актерот Адријан Броди, музичарот Џин Симонс, како и целата постава од моделите на „Викторија сикретс“, активистите кои се свесни дека може да му се застане на патот на овој проблем само ако се шири свеста дека тоа е дел од нашето секојдневие.

„Унитас фондот е интернационална непрофитна хуманитарна организација основана во 2011 година и се занимава со превенција и едукација на децата и младите луѓе ширум светот за трговијата со луѓе.

Заедно со Министерството за образование, наука и технолошки развој и Центарот за заштита на жртвите на трговијата на луѓе, Унитас фондот разви и програма „Превенција и едукација на младината за трговија со луѓе“, каде овој пат се едуцирани 80 експерти од 17 училишни управи, како и десетици илјади наставници, ученици и родители ширум Србија.

Во партнерство со Црвениот крст на Србија, Унитас фондот врши едукација и превенција на деца од 3 до 7 години, а во изминатите години информираше над илјада дечиња. Унитас фондот верува дека единствено заедно може да се бориме со оваа криминална активност и да им овозможиме безбедно растење на децата ширум светот.

За трговијата со луѓе: Трговијата со луѓе е модерен облик на ропство, кое вклучува трговија со луѓе во комерцијални цели, како и цели со експлоатација. Секоја година милиони мажи, жени и деца низ целиот свет, вклучувајќи ја и Србија, стануваат жртви на трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е прикриено злосторство затоа што жртвите ретко добиваат можност да се обратат за помош поради јазичните и други бариери, придружени со стравот и недовербата во правно-кривичниот систем.

Познатите личности кои присуствувале на настаноте во Њујорк: Рон Буркле, Ирина Шајк, Ана Еверс, Леонардо ди Каприо, Адријан Броди, Нико Торторела, Ангелите на Викторија Сиктер, Ангел Лаис Рибеиро, Себастијан Стен, Андреја Пејиќ, Валентина Зелиаева, Џин Симонс, Рејчел Хилберт и многу други.

Scroll to Top