Линда Евангелиста стана баба

Една од најпознатите супермодели, Линда Евангелиста, стана баба. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија од бебето.

„Официјално, сега сум баба. Во 1987 добив подарок на вечна љубов. А тој подарок сега ме благослови“, напишала Евангелиста.

Бебето Ралф го родила Роксан, која е поќерка на Линда Евангелиста, а ќерка на модниот агент Џералд Мари со кога манекенката се омажила во 1987 година и била шест години во брак. Иако се развела во 1993 година, со поќерката останала во одлични односи и ја смета за сопствена ќерка.

 

Scroll to Top