Љубовницата на Трамп изведе стриптиз

Наводната љубовница на претседателот на САД, Доналд Трамп, Сторми Даниелс, ја почна својата турнеја „Да ја запалиме повторно Америка“. Таа својот прв стриптиз го имаше во саботата вечерта во Јужна Каролина, пренесува „Дејли мејл“.

На видеоснимката се покажува дека порноѕвездата Стефани Клифорд излегла на бината во клубот „Трофи“, на годишнината на инаугурацијата на Трамп. Таа на себе во таа пригода имаше розова танга, крзно и црни потпетици.

Се чини дека оваа девојка сега во целост ги користи своите пет минути слава откако јавноста дозна за нејзината наводна афера со Трамп.

За потсетување, таа од адвокатот на Трамп минатата година во пресрет на изборите добила исплата од 130.000 долари за да молчи за својата врска со познатиот бизнисмен, а сега претседател.

Својата турнеја „Да ја запалиме повторно Америка“ ја отвори со стриптиз со песната Hey Big Spender. Исто така, снимена е како танцува на песната на Мадона, Material girl. Во текот на својот перформанс таа ` дозволи на луѓето од публиката да ги ставаат главите меѓу нејзините гради.

Менаџерот на клубот каде што играше изјави дека го резервирал настапот на порноѕвездата само ден откако целата приказна со Трамп излезе на виделина.

Таа својата страна на приказната веќе ја изнесе за  магазинот „Ин тач“ во 2011 година. Покрај сочните детали, изјави дека Трамп се плаши од ајкули и дека се надева дека како вид ќе изумрат наскоро.

Кога говореше за сексот со Трамп, истакна дека не бил нешто посебно.

„Не ме врза за кревет со синџири или нешто слично, тоа беше само една поза“, изјави таа.

Scroll to Top