Луис Хамилтон ја освои четвртата титула во Ф1

На две трки пред крајот на сезоната Луис Хамилтон ја освои четвртата титула светски шампион. Оваа титула Хамилтон ја освои по судирот во првиот круг со својот најголем ривал, Себастијан Фетел. 32-годишниот Англичанец првата титула ја освои со Мекларен во 2008 година, во неговата втора сезона во Ф1, а потоа освои две титули со Мерцедес во 2014 и 2015 година.

Со овој трофеј Хамилтон се израмни со Фетел и Алан Прост, кои имаат по 4 титули, а единствени пред нив се легендите на спортот Фанџо (5) и Шумахер (7).

До крајот на Ф1-сезоната има уште две трки – бразилското ГП во Сао Пауло и трката во Абу Даби.

Scroll to Top