Мадона со песна и честиташе роденден на Бритни Спирс

Популарната пејачка Мадона на својот официјален Инстаграм профил и го честита 36 роденден на Бритни Спирс, која го прослави вчера.

Таа на својот Инстаграм профил објави снимка на која го пее големиот хит на Бритни Спирс „Toxic“.

Мадона и ја посвети изведбата и на Светскиот ден за борба против СИДА кој беше во петок истакнувајќи дека молчењето значи смрт.

Американските медиуми пишуваат дека со овој потег славната пејачка направила многу повеќе во подигнувањето на свеста отколку што тоа го направил американскиот претседател Доналд Трамп.

Снимката на Мадона прегледана е повеќе од 400.000 пати

Scroll to Top