Мајка ми пред очи ми ја силуваа, морав да ја одмаздам

Познатиот актер Шеа Лебаф одлучи да ја открие причината за неговите проблеми. Во првото интервју за магазинот „Есквајр” објасни зошто денес спие со пиштол под душекот.

Имено, додека бил дете непознат маж ја силувал неговата мајка во станот во Тујунг. За време на силувањето Шеја бил во својата соба и слушал сè, а полицијата никогаш не успеала да го пронајде насилникот.

„Се замрзнав од страв. Кога минатата година бев на одвикнување ми рекоа дека имам синдром на посттрауматски стрес”, вели актерот.

„Првиот пат бев уапсен токму поради тоа. Некој човек влета во автомобилот на мајка ми на паркинг, а моите мисли беа дека морам да ја одмаздам мојата мајка. Се упатив со нож кон човекот, но не го употребив. Секогаш се плашев дека некој доаѓа. Целиот мој живот”.

Шеа минатата година повторно бил уапсен поради расистички навреди упатени кон полицајците.

„Тоа што се случи беше ужасно. Мисли за надмоќ на белците, очај, катастрофа. Бев во заблуда. Се обидов да си ја симнам вината за апсење, уништив сè”, раскажа актерот и побара прошка од цел Холивуд., „Ги искористив сите мои шанси, никој не сака повеќе да ми даде улога”.

Scroll to Top