Мараја го молела Џон Сноу да ѝ го открие крајот на „Игра на тронови“

Поп-дивата Мараја Кери е голем фан на серијата „Игра на тронови“. Па кога пејачката се сретнала со Кит Харингтон на забава по доделувањето на наградите „Златен глобус“, не се одвојувала од него и го молела да ѝ открие неколку тајни од осмата сезона на серијата.

„Го фати под рака, му шепотеше на уво, а Кит се вртеше наоколу, како да му е непријатно и како да не може да поверува дека Мараја разговара со него“, рекол еден од гостите на забавата за магазинот „Сан“.

Осмата сезона на серијата почна да се снима лани, а снимањето ќе продолжи наскоро. Од „ХБО“ и официјално најавија дека таа ќе се прикажува дури во 2019 година, а Мараја, како и сите фанови, е и повеќе од љубопитна да дознае што ќе се случи до крајот.

Сепак, популарниот Џон Сноу не ѝ открил ништо. Тој и останатите актери неодамна го дознаа крајот на серијата, а актерката Софи Тарнер тогаш изјави дека сите плачеле и дека не може да дочека да ја снимат серијата до крај, па и фановите по скоро десет години да дознаат како завршува.

Scroll to Top