Мараја Кери сними нова божикна песна

Поп-пејачката Мараја Кери се пофали дека снимила нова божикна песна која би можела да биде поголем хит од досегашниот All I Want For Christmas is You. Песната ќе биде вклучена во анимираниот филм The Star каде што се раскажува приказната за првиот Божик.

Цртаниот фил, The Star ќе има премиера на 17 ноември и ја раскажува приказната за магарето Бо и за неговите пријатели кои стануваат големи херои за првиот Божик. Песната на Мараја се вика исто како и филмот и е носечка нумера во The Star.

Scroll to Top