Марк Волберг е најплатен светски актер

Списанието „Форбс“ ја објави листата на најплатени актери. На првото место се најде поранешниот рапер, а сега актер Марк Волберг, кој последнава година заработил 68 милиони долари. Тој настапи во „Ден на патриотите“ и „Трансформери“.

На второ место е Двејн Џонсон со 65 милиони, а на трето место е Вин Дизел со 54,5 милиони долари. На листата зад нив се наоѓаат Адам Сендлер, Џеки Чен, Роберт Дауни Јуниор, Том Круз и боливудските ѕвезди Шах Рук Кан, Салман Кан и Акшеј Кумар.

Scroll to Top