Меган и Хари го откачија Трамп, поканет е Обама

Мишел и Барак Обама добија покана за кралската венчавка на Меган и Хари, која ќе се одржи на 19 мај. Тие не му испратија покана на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Трамп не се најде на листата на поканети гости на кралското семејство, најверојатно поради тоа што не ѝ е омилен на идната невеста. Меган претходно јавно ја критикуваше неговата политика.

Од друга страна, принцот Хари и Барак Обама се долгогодишни пријатели.

Медиумите и во Британија и во Америка веќе неколку месеци шпекулираат кој од двајцата претседатели ќе биде повикан на свадбата, а кого ќе го откачат.

Денеска британските медиуми објавија дека кум на свадбата ќе им биде принцот Вилијам.

Scroll to Top