Меган Маркл веќе ја нема на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“

Свршеничката на принцот Хари, Меган Маркл, ги исклучила сите профили на социјалните мрежи, согласно со кралската традиција, потврдија од  Кенсингтонската палата . Меган го исклучи и својот блог за животен стил.

Американската актерка ги исклучила профилите на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Од палатата изјавиле дека Маркл е „благодарна на сите кои ја следеле на социјалните медиуми со години“, додавајќи дека таа извесно време веќе не ги користела своите профили.

Палатата Кенсингтон има свои профили. Инаку, Меган ги згасна профилите откако таа и Хари ја посетија општинската радиостаница во Брикстон, која обучува млади луѓе на медиумски вештини.

Scroll to Top