Меган сама ќе си ја плати венчаницата

Веќе извесно време кралските свадбени подготовки и целата фама за Меган Маркл и принцот Хари се тема број еден во сите светски медиуми. Но, британските медиуми имаат предност. Тие велат дека знаат колку ќе чини. Порталот „Бриџс“, земајќи ги предвид услугите, музиката, безбедноста, декорацијата и сите други елементи, проценува дека кралското семејство ќе потроши половина милион фунти за целата церемонија.

Свадбата е закажана за 19 мај и ќе се одржи во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Виндзорската палата во Лондон. На официјалната церемонија се очекува дека ќе има околу 600 гости, а на церемонијата ќе има помалку од 300 луѓе.

Иако сè уште се шпекулира со името на дизајнерката на венчаницата, познато е дека Меган ќе си го плати својот формален фустан исто како што тоа го направи и Кејт Мидлтон.

Scroll to Top