Мистер Бин по трет пат татко

Британскиот актер Роуан Атинсон на 62 годишна возраст ќе стане татко по трети пат.

Ѕвездата на серијата „Мистер Бин“ чека принова со својата девојка Луиз Форд (33), која се очекува да се породи наредните недели.

Аткинсон беше 24 години во брак со Сунетра Састри, а во 2014 година се појавија шпекулации дека има нова љубов. На крајот се потврди дека се работи за актерката Форд, која ја започнал на претставата „Quartermaine’s Terms” во 2013 година. Актерот од првиот брак има две возрасни деца, а на пат е и третото дете.

Scroll to Top