Моден двобој на Кејт и Меланија

Модните комбинации на Кејт Мидлтон и Меланија Трамп постојано се коментираат и анализираат. Кејт е омилениот член на британското кралско семејство, а Меланија ја сметаат за новата Џеки Кенеди, барем според стилот. Токму затоа модните стилисти направија споредба на нивниот начин на облекување.

Двете жени носат слични модели на капути и костуми, кои им стојат одлично заради витата става. Секогаш се елегантни и одмерени. Двете обожаваат светли бои и впечатливи парчиња облека. Единствената разлика во начинот на облекување е што Кејт многу често носи шапка според британските кралски правила, а Меланија никогаш не го прави тоа.

Scroll to Top