На италијанскиот милионер му го конфискуваат имотот, а тој одбива да работи

Му го конфислуваат имотот, а тој одби да работи…

Го нарекуваат најсекси дедо на светот, но неговиот бруталниот секси изглед, во моментов не може да му помогне на 50 годишниот Италијанец Џанлука Вакљу, кој речиси секојдневно се фали со своето богатство на Инстаграм, каде го следат дури 11 милиони луѓе.

Имено, иако тој на своите снимки и понатаму безгрижно танцува и позира, во реалноста го мачат многу работи, како фактот дека му се запленети јахтата и неколку недвижности, пишува „Unilad“.

Откако е беше упатен повик да му се помогне на наследникот на фармацевското царство да го отплати својот долг во износ од 10.5 милиони евра, интернетот реагираше на единствен начин на кој знае“, немилосрдна шега на сметка на популарниот богаташ и неговиот хедонистички стил на живот.

Ваки, со девојката со која пред неколку дена се дружеше, босанската убавица Хана Ханцивадагиќ Табаковиќ, во животот не работел ниту еден ден, па екипата на Фејсбук одлучи тоа да го промени.

Направена е страница „Да му најдеме на Џанлука Вакију работа“, која предизвика голем интерес. Корисниците на Твитер, од друга страна го „имитираат“ неговиот стил на живот па позираат пред педалините и пластичните базенчиња. Повеќето фотки ги следи „хаштаг“ „Enjoy“, според насловот на книгите на Ваки, во кој тој гордо го објаснува тоа што не сака да го работи во семејната фирма.

Освен јахтите и неколку вили, одземени му е и дел од голф игралиштето во Болоња, а „Quotidiano Nazioanle“, пренесе дека неговите адвокати се плашат дека Ваки има уште долгови за кои не знае.

„Тоа е само мал долг“, говорел Ваки претходно, а на повикот да му се помогне, баш и нема многу реакција. Имено, досега собрал околу пет евра, па очигледно пред него е долг пат за да го спаси својот имот.

Scroll to Top