На презгодниот италијански милионер му ја запленија јахтата и имотот

Не го загрижуваат долговите…

Журката сеуште не е готова за пребогатиот италијански наследник, Џанлука Вакија (50), иако е познато дека е во големи финансиски проблеми поради кои му го запленуваат имотот.

Овој плејбој ниту еден ден од својот живот, не работел и тоа со гордост го истакнува, а се што има им го должи на своите богати предци.

Тај на своите профили на социјалните мрежи, гордо го истакнува своето мото „enjoy“ (уживај), а се чини дека големите финансиски проблеми во кои западнал, поради своето неодговорно трошење, нималку не му сметаат, па во целост живее во склоп со своите животни принципи.

Џанлука имено е виден како со својата девојка, поранешната мисица на Колумбија Адријана Гутјерес, гол до појас влегува во околниот клуб во Сен Тропе, каде цела вечер ги забавуваше посетителите на приватната журка.

Да потсетиме, Италијанецот е во долгови од околу 10.5 милиони евра, поради што му беа запленети јахтата и некои од недвижностите, но тоа овој времеснски секси наследник, нималку не го загрижува.

Scroll to Top