На Рафаел Надал ќе му подигнат статуа пред „Ролан Гарос”

Француската тениска федерација донела одлука на Рафел Надал да му подигне статуа пред комплексот на „Ролан Гарос“. Тој е десеткратен победник на францускиот грен-слем. Претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гудичели ја информирал јавноста дека во целиот процес е вклучен и самиот, Рафаел Надал со кого успеале да ја изберат статуата и сликата по која ќе се изработи уметничкото дело.

„Заедно со Надал успеавме да ја избереме статуата и сликата што подоцна ќе биде претставена пред јавноста. Потоа, следи конкурсот, на кој ќе биде избран најдобриот уметник кој ќе го изработи уметничкото дело и потоа, ќе ја поставиме пред влезот на „Филип Шатриe“ изјавил претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гудичели.

Scroll to Top