На што го троши богатството Бил Гејтс

Богатството на еден од основачите на Мајкрософт, Бил Гејтс, е проценето на 89 милијарди американски долари, што го прави еден од најбогатите луѓе на светот. Доколку би трошел милион долари дневно, на Гејтс би му биле потребни 245 години за да го потроши и последниот долар. Tој на секоја секунда заработува околу 250 долари, што значи дека има дневни приходи од 21,6 милиони долари, односно 7,8 милијарди долари годишно.

Гејтс донирал 41,3 милијарди долари во добротворни цели. Тој со сопругата и Ворен Бафет во 2010 година го осмислил и реализирал проектот наречен The Giving Pledge чија цел е секој што ќе се согласи да биде дел од истиот, да го даде своето богатство во добротворни цели.

Освен што вложува во добротворни цели, тој ги троши парите и на своите скапи желби. Во 1997 година Гејтс купил млазен авион вреден 21 милиони долари. Низ годините тој поседувал многу луксузни автомобили, пишува usb.mk, а возејќи еден од нив заработил казна за пребрзо возење.

Тој поседува голема колекција на уметнички дела. За слика од Винслоу Хомер во 1988 година платил 36 милиони долари, за Polo Crowd на Џорџ Белоус платил 28 милиони долари, за Distant Thunder на Ендру Виет – 7 милиони долари, а книгата на Леонардо да Винчи наречена Codex Leicester ја купил за 30,8 милиони долари. Дел од сликите се наоѓаат во неговиот дом во Сиетл кој вреди 63 милиони долари. Куќата има 24 купатила, шест кујни, двор во кој можат да престојуваат 200 лица, домашно кино и вештачко езеро со риби.

Scroll to Top