Наместо татко ѝ, принцот Вилијам ќе ја одведе Меган до олтарот

Британските медиуми пишуваат дека принцот Вилијам ќе ја одведе Меган Маркл до олтарот. Според нив, таа не ги поканила на свадба својот татко и полубратот. Медиумите пишуваат дека Томас Маркл Џуниор, полубратот на Меган, е обвинет за смртни закани кон неговата девојка и за закани со огнено оружје.

За таткото на Меган, пак, пишуваат дека „не знае да молчи“ и дека кралското семејство не би сакало тој  да ја продаде својата приказна од свадбата на ќерка си на жолтиот печат.

Иако се пишуваше дека Меган сака до олтарот да ја одведе мајка ѝ, кралицата Елизабета не дозволила Меган да го прекрши овој протокол. Токму затоа го избрале принцот Вилијам, кој на 19 мај ќе ја одведе Американката до олтарот и ќе му ја предаде на принцот Хари.

Scroll to Top