Опра Винфри ќе се кандидира за претседател на Америка

Поранешната ТВ-водителка Опра Винфри со говорот на доделувањето на „Златните глобуси“ неофицијално ја најави својата кандидитура за претседател на Америка во 2020 година. Нејзини блиски пријатели за медиумите потврдиле дека Опра сериозно размислува за кандидатура на претседателските избори.

Опра, која отсекогаш сметала дека нема доволно искуство за водење на државата, го сменила мислењето кога Трамп победил на изборите. Со месеци се шпекулира дека почнува да работи на својата кандидатура, а нејзиниот говор на доделувањето на „Златните глобуси“ дополнително ги подгреа овие шпекулации.

„Предолго жените не беа подготвени да ја кажат вистината поради моќта што ја имаат одделни луѓе, меѓутоа нивното време истече. Сакам сите девојчиња што го гледаат ова да знаат дека доаѓа нов ден. И кога тој ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде поради многуте величествени жени, од кои повеќето се токму во оваа просторија вечерва, и некои феноменални мажи кои силно со борат да станат лидери што ќе нè однесат во време во кое никој повеќе нема да мора да каже ‘и јас исто така’“, рече во говорот Опра.

Медиумите направија и анкета меѓу американските граѓани дали би гласале за Винфри и повеќето од нив одговориле потврдно.

Scroll to Top