Оскаровецот Том Хенкс ги налути Албанците

Оскаровецот Том Хенкс неодамна даде интервју за телевизиската станица „Е!“ и во емисијата изјави дека Косово e српско и дека еден ден Србите повторно ќе се вратат во својата земја. Со ова актерот ги налути Албанците кои оставија многубројни негативни коментари на негова сметка.

Во интервјуто тој зборуваше за снимањето на својот последен филм за историјата на Израел, па во таа конотација ги спореди страдањата на Евреите со оние на косовските Срби.

„Во текот на Втората светска војна Евреите го преживеале холокаусот, а да не зборувам што им се случувало претходно. Тие никогаш не ја изгубиле вербата дека еден ден ќе ја вратат својата земја. Слично им се случува денес на Србите во Косово“, рече актерот.

„Во Косово некогаш живееја Срби, градеа цркви и манастири, имаа свои кралеви. Но, тогаш дојдоа Албанците и ги протераа Србите. Кон крајот на 20 век врз Србија паѓаа и НАТО-бомби, но тие и понатаму не сакаат да признаат дека Косово е самостојна држава. Како Евреите, можеби еден ден Србите ќе се вратат во Косово“, додаде Хенкс.

Scroll to Top