Откриени валканите тајни на вилата „Плејбој“

Холи Медисон, поранешната плејбој-зајачица, во својата книга „Во зајачката дупка: Љубопитни авантури и предупредувачки приказни на поранешната плејбој-зајачица“, откри многу тајни поврзани со вилата „Плејбој“.

„Сите мислат дека славната метална капија е таму за да ги штити девојките од натрапниците, но имав чувство дека постои за да ме задржи мене во вилата“, напиша Холи во книгата. Според неа, секој петок наутро девојките оделе во собата на Хефнер, чекале да го собере кучешкиот измет од килимот, па му барале џепарлак од 1.000 долари.

„На тие средби секогаш ни кажуваше каде грешиме, им се лутеше на девојките што сакаат да учествуваат во сексуални забави во неговата соба. Ако не излегувавме во клуб со него, не ни даваше пари. Парите беа неговото оружје. Но, првото и најважно правило беше дека не смееме да носиме момчиња во вилата“, стои во книгата „Приказни на плејбој-зајачицата: Зад затворени врати на вилата ‘Плејбој’“ на Изабела Сент Џејмс. „Хеф беше навикнат на валкан живот. Со години не ги менуваше килимите. Кучињата на неговата Холи живееја во куќата, тука вршеа нужда. Се случуваше ноќе да одиме низ куќата и да згазнеме на измет.“

Ни Кендра Вилкинсон нема поинакво искуство:

„Ако згрешевме нешто, ни испраќаше е-пошта со критики. Постоеја строги правила на однесување. Сè мораше да се прикаже во розово светло. Не смееја да се појават фотографии  на кои сме пијани или несредени“, рече таа.

Во својата книга „Џил Ен: На горниот кат“ зајачицата Џил Ен Сполдинг напишала: „Неговата девојка број 1 секогаш го задоволуваше орално, па имаа секс, без заштита, без тестирање. Нему му беше сеедно. Тој само лежеше со својата вештачка ерекција предизвикана од „вијаграта“. Девојката ќе се качеше на него и по две минути ѝ го отстапуваше местото на друга девојка, додека другите девојки му зборуваа валкано за да го „напалат“. Немаше уживање во тој секс. Сè беше механички. Како лоша работа“.

Scroll to Top