Озборувачката ја скрати косата

Блејк Лавли ја започна промотивната турнеја за својот најнов филм All I See Is You. 30-годишната актерка присуствуваше на прикажувањето на филмот и на прес-конференцијата во Вест Холивуд. Покрај изгледот, светските медиуми го ставија акцентот и на нејзината нова боб-фризура.

Новиот имиџ на актерката од популарната „Озборувачка“, пишуваат медиумите, е одлично вклопен со бела креација од модната куќа „Ралф и Русов“.

Својот изглед славната сопруга на Рајан Рејнолдс го надополни со блескави обувки од Кристијан Лобутин.

Scroll to Top