Пинк и Џастин Тимберлејк ќе пеат на „Супер боул“

Американските медиуми објавија дека Пинк ќе ја пее химната пред почетокот на „Супер боул“ на 4 февруари, а на паузата на полувремето ќе настапи Џастин Тимберлејк.

Пинк во моментот е актуелна со седмиот студиски албум Beautiful Trauma, а Џастин на 2 февруари ќе го промовира новиот албум Man Of The Woods.

Ова не е прв настап на Џастин на „Супер боул“ – тој 2004 година настапи со Џенет Џексон кога „случајно“ ѝ го соблече градникот под кој се виде нејзината гола града. Ова предизвика многубројни контроверзии кај американската публика по што и двајцата јавно ѝ се извинија на јавноста.

Scroll to Top