Пинк си ја разголи душата во „Whatever You Want“

Пинк си ја разголи душата во најновата песна од претстојното издание „Beautiful Trauma“, а моќната балада насловена „Whatever You Want“ претендира да биде уште еден мегахит за популарната пејачка. Песната е своевидна химна на раскинувањето и се чини дека одлично го дополнува материјалот за новото издание, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Уште еден новитет поврзан со годинашната добитничка на наградата „Мајкл Џексон видео вангард“ е и документарниот филм што ќе придружува новото издание и кој ќе го прикаже креативниот процес на создавање на новиот материјал, а ќе понуди и поглед во нејзиниот приватен живот и предизвиците за наоѓање рамнотежа меѓу работата и семејството.

 

Новиот, седми по ред студиски албум „Beautiful Trauma“ ќе биде објавен на 13 октомври, а веќе се закажани и првите датуми за истоимената турнеја, која ќе започне во март следната година.

Scroll to Top