По 20 години Џорџ Клуни пак ќе игра во серија

Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни се враќа на малите екрани во новата серија „Квака-22“, адаптација на романот на Џозеф Хелер. Клуни игра во серија 20 години по заминувањето од хит-серијата „Итна служба“.

Серијата ќе ја сочинуваат само шест епизоди, рекла за „Холивуд репортер“ Ејми Пауел, директорката на студиото „Парамоунт телевизиона“, која ја продуцира серијата во соработка со продукциската куќа „Анонимус контент“.

Ејми Пауел рекла дека двократниот оскаровец за учествувањето во серијата по епизода ќе добие околу милион долари.

Серијата се базира на сатиричниот воен роман, првпат објавен во 1961 година, а дејствието е сместено во времето на Втората светска војна. Адаптацијата на романот за големото платно била во 1970 година.

Scroll to Top