По 26 години, Синди Крафорд повторно ја сними истата реклама за „Пепси“

Супермоделот Синди Крафорд повторно ја сними рекламата за „Пепси“ од 1992 година, која предизвика големо внимание кај американската публика. Овој пат рекламата ја направи за потребите на годинешниот „Супер боул“, а друштво ѝ прави нејзиниот 18-годишен син Пресли.

Рекламата ќе почне да се прикажува на 4 февруари. Како и во оригиналната реклама, Синди ќе застане на бензинска пумпа за да купи „пепси“. Таа овој пат ќе биде во тексас-кошула наместо во белата маичка од старата реклама.

„Кога луѓето ќе ме видеа на улица, веднаш помислуваа на „пепси“, а во кафулињата ми праќаа пораки на лименки ’пепси’“, рекла Синди пред неколку години.

Scroll to Top