Победникот на Евросонг се бори за живот, одржа проштален концерт

Салвадор Собрал се прости од публиката со емотивен концерт во Естроил. Тој како претставник на Португалија победи на Евросонг, но сега итно е префрлен во болница каде што чека трансплатација на срцето.Собрал веќе со години има проблем со срцето и неопходна му е трансплатација. За жал, неговата состојба се влошила во претходните неколку недели, тој ги откажал сите концерти и во моментот се наоѓа во болница. Неговата состојба е многу тешка. Несреќниот пејач буквално води трка со времето затоа што е неизвесно кога и дали ќе биде пронајдено ново срце за трансплатација.

Дури и да дојде до трансплатација, никој не знае дали неговиот организам ќе го прифати новиот орган.

Салвадор се прости од публикта на 8 септември со концерт во Есторил, а заедно со него на бината беше и сестра му Луиса. Во еден момент Собрал го совладаа емоциите и се расплака, а неговите солзи го обиколија целиот свет.

Видете ја снимката од прошталниот концерт на Салвадор Собрал:

 

Scroll to Top