Почина актерката Новела Нелсон

Почина актерката Новела Нелсон која глумеше во “Antwone Fisher“, “The Devil’s Advocate“, “A Perfect Murder“. Таа почина на 77-годишна возраст.

Новела се појавуви на повеќе од 100 телевизиски, филмски и театарски претстави во текот на својата 60-годишна кариера.

Нелсон ја прослави водечката улога на Бродвеј во претставата “Purlie” во 1970 година, а се појави и во филмовите и сериите “Hello, Dolly!“, “Law and Order: SVU“, “One Life to Live“, “Sex and the City“.

Таа е позната по нејзината улога во филмот “Antwone Fisher”, во кој таа игра насилна маќеа и за што ја доби најдобрата критика во нејзината кариера.

Родена е во Бруклин и ја освои наградата од Њујоршкиот театар за придонес кон афроамериканскиот театар и кино. Причината за смртта сè уште не е објавена.

Scroll to Top