Почина една од најубавите девојки на Џејмс Бонд

Германската актерка Карин Дор, која е најпозната по улогата во филот „Живееш само двапати“, во кој играше со Шон Конери, почина на 80-годишна возраст.

За Карин, која е родена во Висбаден, врвот на кариерата беше филмот каде што ја играше улогата на една од девојките на Бонд, во остварувањето од 1967 година, а играше и во трилерот на Хичков, „Топаз“.

Карин Дор, која многумина ја вбројуваат меѓу најубавите девојки на Бонд, почина во старски дом во близина на Минхен.

Scroll to Top