Почина режисерот Тоби Хупер, мајсторот за хорор филмовите

На 75-годишна возраст почина познатиот американски режисер Тоби Хупер, пренесуваа светските агенции. Тој беше специјалист за хорор филм. Нема детали за неговата смрт. Познато е дека умрел во неговиот дом во Лос Анџелес. Филмот „Тексашко клање„ на Тоби Хупер од 1974 година е еден од највлијателните хорор филмови на сите времиња, поради реалниот пристап и лудилото.

Scroll to Top