Почина славниот пејач и актер Дејвид Кесиди

Американскиот пејач и актер, кој беше најпознат по улогата во серијата The Partridge Family, почина на 67-годишна возраст на Флорида, објави неговиот менаџер.Дејвид неодамна е примен во болница затоа што му откажале црниот дроб и бубрезите.

„Дејвид почина опкружен со луѓето што ги сакаше, среќен и без болки, кои долго време го мачеа. Благодарам до сите оние што му даваа поддршка сите овие години“, изјави Џо.

Неговиот внук Џек исто така се огласи преку „Твитер“.

„Не можам да помогнам, но можам да му се заблагодарам на Господ затоа што мојот вујко усреќи милиони луѓе“, напиша Џек.

По повод смртта на прочуениот актер и пејач, преку социјалните мрежи се огласија и многубројни познати личности што сочувствуваат со губитокот.

Бројни актер и пејачки дадоа поддршка.

И прочуениот водител Лари Кинг упати сочувство.

Се огласи и Мери Осмонд преку фејсбук-профилот.

 

 

Дејвид Кесиди е ставен во вештачка кома во моментите додека е примен во болница затоа што лекарите се надевале дека ќе најдат орган кој ќе биде соодветен за трансплантација.

Пејачот и актерот зад себе остави две деца и многубројни музички хитови кои се пеат на целата планета.

Пејачот е роден во Њујорк, а се оствари и на полето на глумата.

 

 

 

 

 

Scroll to Top