Поради Саманта, нема да се снима „Сексот и градот“

2004 година е вистински феномен, велат критичарите. Поради интересот на публиката, се снимија и два филма. Некои коментираа дека филмовите не ги задоволуваат очекувањата на публиката, но целта на продуцентите беше да се заработи што повеќе и во тоа успеаја. Половина милијарда во долари беше крајниот финансиски резултат. Третиот дел сите го очекуваат и во тоа најупорна е Сара Џесика Паркер, но сè се смени кога таа пред извесно време изјави: „Разочарана сум. Имавме прекрасен, смешен, весел трет дел, во кој секој можеше да се пронајде“.

Причината поради која нема да се снима третиот дел е Саманта, која ја игра Ким Катрал. Таа и Сара подолго време се во конфликт и не комуницираат, а причината за тоа е кавгата за тоа кој треба да добие поголем хонорар. „Њујорк пост“, пак, пишуваше дека ривалството помеѓу Сара и Ким трае уште од првата сезона. Катрал несомнено беше најсилно име во серијата, камерата ѝ беше најдобар сојузник, продуцентот на серијата, Дарен Стар, ѝ е најдобар другар во тие први сезони. На сето ова Ким Катрал вели дека со своите шеесет години конечно сака да се посвети на себе и на своите одлуки зад кои стои безрезервно.

 

 

 

 

Scroll to Top