Поради здравствени проблеми, Шакира откажа концерт

Колумбиската пејачка Шакира преку социјалните мрежи откри дека има проблеми со гласните жици и дека ќе мора да го откаже концертот во Германија. На својот фејсбук-профил таа напиша дека лекарите ѝ наредиле да мирува за да не предизвика уште поголем проблем.

„Морам да ги послушам докторите за да оздравам и да го дадам најдоброто од себе на следните концерти“, напиша Шакира.

 

Scroll to Top