Пожарникар загина на сетот на новиот филм на Брус Вилис

Њујоршки пожарникар загина на сетот на новиот филм на Брус Вилис. Во една од зградите во населбата Харлем, каде што се снимало, избувнал голем пожар во зграда по што била повикана противпожарната служба.

Портпаролот на њујоршкиот градоначалник, Бил де Бласиус, на „Твитер“ напиша:

„Ова беше страшна ноќ, изгубивме њујоршки пожарникар“.

Американските медиуми пренесоа дека пожарот избувнал на снимањето на филмот „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Вилијам Дефо и Алек Болдвин. Режисер на филмот е Ед Нортон.

Scroll to Top