Познатиот американски рапер Нели уапсен поради силување!

Познатиот американски рапер Нели е уапсен поради силување. Како што пренесуваат светските медиуми, 42 годишна жена го обвинила дека сексуално ја нападнал во автобус во Вашингтон во саботата утрото.

Наводно силувањето се случило во 3.45 наутро, а дека жртвата веднаш го идентификувала Нели како сторителот. Раперот е обвинет за силување од втор степен во 7 часот утрото и одведен е во притвор.

Инаку, Нели бил на својата турнеја кога се случило сето ова. Раперот инаку е познат по бројните хитови, како што се „Hot In Here” i “Dilemma”, кои ги отпеа со колешката Кели Роланд.

 

Scroll to Top