Принц не ја сакал пурпурната боја

 

Легендарниот пејач Принц и пурпурната боја имаат долга историја во која беа вклучени неговите инструменти, неговата гардероба и неговата хит-песна и филмот „Пурпурен дожд“. Институтот за боја „Пантоне“, дури создаде и официјална пурпурна боја за него и ја нарече љубовен симбол.

Но, во интервју со „Ивнинг стандард“ за претстојната изложба посветена на Принц, сестрата на починатиот пејач, Тика Нелсон, вели дека не бил толку луд по пурпурната боја како што се мисли.

Нелсон рече: “Најдоброто парче на изложбата за мене е неговата портокалова Облачна гитара. Чудно е што луѓето секогаш го поврзуваат со пурпурната боја, но неговата омилена боја е всушност портокаловата.”

 

Scroll to Top